
Обилните снежни врнежи што ја зафатија државата денеска освен застој во сообраќајот, предизвикаа и прекин на електричната енергија.
Многу населени места во општината Маврово и Ростуше попладнево веќе неколку часови се без струја.
Во дел од општината наврна снег и над 150 сантиметри.
Поради снежните врнежи на неколку патни правци активирана е забрана за движеше на тешки товарни возила.