Search

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по страотната експлозија во Бејрут, во која животот го загубија најмалку 135 луќе, додека над 5.000 се повредени.

Премиерот Хасан Дијаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денеска, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека виновник за експлозијата е невниманието на надлежните.

Без домови останаа 300.000 луѓе, соопштија властите.

Се очекува пораст на бројот на загинати во експлозијата, за која властите откриваат големо складиште на високоексплозивен материјал, кој со години бил чуван во небезбедни услови во пристаништето.

Претседателот Мишел Аун изјави дека 2.700 тони амониум нитрат, кој се користи за ѓубриво и бомби, бил складиран шест години во пристаништето по што бил запленет.

Тој додал дека владата е одлучна во тоа да истражи што побрзо што се случило и одговорните и оние кои се однесувале неодговорно да бидат казнети.

Владата нареди пристанишните власти, кои учествувале во складирањето и чувањето на материјалот, да се стават во домашен притвор.

Властите не го потврдија потеклото на почетниот пожар, кој доведе до експлозија, но локалните медиуми и еден безбедносен извор наведуваат дека пожарот го предизвикале луѓе кои заварувале.

Треба да знаете
Последни објави