Search

(Видео) Кирацовски: На овие избори не бираме само претседател, туку бираме да продолжиме кон ЕУ и НАТО

Во изминатите речиси три недели посетивме огромен број општини и населени места, со илјадници од вас разговаравме на повеќе теми, ги промовиравме придобивките од концептот што води напред кон сигурна и стабилна иднина, развој, во ЕУ и НАТО. Водевме позитивна, принципиелна и достоинствена кампања каква што и доликува на една одговорна и демократска партија и вистински, сериозен кандидат за претседател на државата, истакна шефот на изборниот штаб и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Тоа е препознаено од граѓаните кои даваа масовна поддршка на секој настан, во секој град и секое населено место. Очекувам и знам, вашата силна енергија, вашата масовна поддршка од кампањата ќе се преслика и на избирачките места во недела. На овие избори не бираме само претседател, туку бираме да продолжиме по патот на реформите, на напредокот и интеграција во ЕУ и НАТО, онаму каде навистина припаѓаме.

Тоа ќе го сториме со масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред. Другата опција е враќање назад во мрачното минато, во деструкција, уназадување.

Затоа, во недела на 21 април масовно да излеземе да го искористиме гласачкото право и да гласаме за број три! Да гласаме за Стево и да продолжиме заедно напред!“ порача Кирацовски.

Треба да знаете
Последни објави