Search

(Видео) Зошто Бакингемската палата не сакаше Елтон Џон да настапува на погребот на принцезата Дијана

Принцезата Дијана и Елтон Џон беа пријатели и тој со песна ја испрати на нејзиниот погреб.

Според документите на британскиот национален архив, персоналот на палатата првично сакал да го одбие Елтон Џон како изведувач на погребот на принцезата Дијана, тврдејќи дека песната што тој ја избрал е „премногу сентиментална“, „NYPost“.

Како близок пријател на покојната принцеза, Џон ја преработил песната „Candle in the Wind“ за погребот во 1997 година.

Текстописецот Берни Топин го препиша приот стих за погребот, првично напишан за Мерлин Монро. Тој го смени „“Goodbye Norma Jean“ (Збогум Норма Џин), правното име на Монро, во „Goodbye England’s rose“ (Збогум роза на Англија), со посвета на Дијана.

Вестминстерската опатија, каде што се одржа погребот, имаше саксофонист на „стендбај“ во случај настапот на Џон да биде откажан.

Тогашниот декан на Вестминстерската опатија, свештеникот д-р Весли Кар, апелираше до кралското семејство, велејќи дека тоа би било „имагинативно и дарежливо“ за милиони луѓе кои се чувствуваат „лично ожалостени“…

Преземено од Еспресо

Треба да знаете
Последни објави