Search

(Видео) Заев од Илинден: Доаѓам од Берлин каде имав многу успешни состаноци со Меркел и Макрон

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва се сретна и со граѓаните на општина Илинден. Тој им порача дека сака и во оваа општина да се слави победа, како што се слави во цела Македонија. Рече дека доаѓа директно од Берлин, каде имал многу плодни и успешни состаноци со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Сакам да знаете дека имаме големи пријатели. Тие луѓе ја поддржуваат нашата земја и нашата земја не само што до крајот на годината ќе биде полноправна земја членка на НАТО, туку ова лето, конечно после 14 години ќе отвори преговори, ќе ги отвори поглавјата“ порача Заев.

Треба да знаете
Последни објави