Search

(Видео) Драма во Штип, крвнички претепана трудна штипјанка

Видео со крвнички претепана девојка од утрово кружи на социјалните мрежи. На видеото се гледа како двајца насилници ја претепуваат девојката и бараат од неа да признае дека не е трудна од еден од нив. Видеото е објавено во една женска група, а 24 инфо контактираше со девојката која прва го постирала видеото. Ја прашавме од каде е девојката и дали случајот е пријавен во полиција. Ни објасни дека станува збор за млада штипјанка која ја претепале сограѓани.

-Девојката сега е кај мене во Штип. Има родители но не се здравствено добри. Се плаши да оди во полиција бидејќи и се заканува постојано. Ситуацијата е сериозна. Ме замоли да го објавам видеото за да може некој да и помогне- вели штипјанката. Инаку според неа момците се од Штип и наводно тепањето е поради тоа што тепаното девојче ширело дезинформации дека е трудна со еден од нив. Според другарката на девојчето можно е тепаното девојче од ќотекот и да го има изгубено плодот.

https://youtu.be/unQbKnXkZQE?t=11

 

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска потврди дека полицијата постапува во врска со објавеното видео и најави најстроги казни за ваквото нечовечко однесување.

„На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, објави таа на „Фејсбук“.

(В.А.)

 

Треба да знаете
Последни објави