Search

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: М-НАВ два дена не го објавува спискот на нововработени

Mинаа два дена откако прашавме за македонската навигација за непотизам, односно за вработувањата во М-НАВ агенција, позната како Македонска неофицијална агенција за вработување. Побаравме од М-НАВ да го објави списокот на 24 нововработени како и по кои црни критериумите се  примени, но од таму нема одговор. А нема одговор затоа што и самите се свесни дека Агенцијата служи за вработување партиски кадри и исполнување на желби, иако немаат врска со потребите на М-НАВ, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„М-НАВ ги отсликува црнилата во коишто СДСМ ја втурна државата. М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква навигација по која сега се движи државата таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока црна дупка. Република Македонија не заслужува таков пат. Република Македонија заслужува многу подобро“, изјави Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повика граѓаните в среда во 17 часот да дојдат пред Центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на плоштадот „ВМРО“, со цел да бидат дел од протестниот марш.

Треба да знаете
Последни објави