Search

Весковски: Жителите на Карпош знаат што се реални ветувања, бетонизацијата на Јакимовски не им е потребна

Треба да си ги зацврстиме своите редови, ја сфативме пораката на народот, во текот на вчерашниот ден ги направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме, верувам дека во Карпош живеат луѓе кои знаат кои се реалните ветувања, а не бетонизацијата поради која и беше сменет мојот противкандидат Стевче Јакимовски, изјави за Утрински брифинг, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.

-Имаме два различни концепти. Еден којшто нѐ сплоти во 2016 година да протестираме и да демонстрираме против урбанизацијата, бетонизацијата на општина Карпош. Сега имаме проевропски концепт, наспроти нешто што имаме веќе видено во три наврати, верувам дека граѓаните имаат јасна слика каде ќе ги насочат своите гласови, дополни тој.

Весковски појасни дека веројатно ќе се мобилизираат нашите коалициски партнери, особено независните кои и протестираа против Јакимовски за бетонизацијата на општината Карпош.

– Демократијата е она зад кое стоиме, колку и да оди против СДСМ, ние денеска имаме огормен број кандидати, огромен број на советнички листи, а тоа е еден голем успех.Мислам дека имаме јасен концепт за Карпош и мислам дека сме во можност да мобилизираме и поголем број граѓани во вториот круг, вели Душко Весковски кој во вториот круг од локалните избори ќе „се трка“ со Стевчо Јакимовски од ГРОМ за прв човек на скопски Капорш.

Тој појасни дека општината е сеуште блокираната, треба да се доисплати долгот, вети паркови, катна гаража во Лептокарија, младински центар и две нови градинки.

Треба да знаете
Последни објави