Search

Велко Маркоски се врати во Металург

Искусниот ракометен интеранционалец, специјалист за играта во одбрана Велко Маркоски се врати во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тимот на Металург. Поранешниот стандарден македонски репрезентативец Маркоски по заминувањето од Романија каде настапуваше за тимот на Доброгеа Суд не успеа да пронајде нов ангажман, па сега како слободен играч се приклучува на тимот од Автокоманда.
Марковски во Металург настапување во периодот од 2010 до 2015 години.
Новиот договор со тимот од Автокоманда е со важност до крајот на сезоната и се очекува тој да биде осетно засилување во обврските на Металург на домашната сцена и во Европа.

Треба да знаете
Последни објави