Search

Велика Британија ја прекина продажбата на оружје за Саудиска Арабија

Британската Влада денеска соопшти дека привремено го прекинува доделувањето на нови договори за продажба на оружје на Ријад, кое би можело да се корости во Јемен.

Ова следи по одлуката на судот во Лондон, во која Владата се повикува да ги преиспита своите досегашни постапки.

„Не се согласуваме со одлуката и ќе побараме дозвола за поднесување жалба“ изјави во британскиот парламент министерот за меѓународна трговија, Лијам Фокс.

Тој додаде дека во меѓувреме нема да издаваат нови дозволи за продажба на оружје на Саудиска Арабија и нејзините партнери во коалицијата, кое би можело да го употребат во јеменските судири.

Треба да знаете
Последни објави