Search

Вардар со поддршка од навивачите ќе атакува на првата победа во ЛШ

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва (20.45 ч.)  македонскиот и двократен европски ракометен првак Вардар ќе го одигра вториот меч од групата А во новата сезона од Лигата на шампионите, прв пред своите гледачи со белорускиот Брест Мешков. Старо-новиот тренер на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ на прес конференцијата во пресрет на овој натпреавр порача дека Вардар не истиот тим кога игра со и без навивачи.

– Треба да се надминене во дуелот со Мешков кој од година во година оди напред. Немаа скок како Вардар кој ја освои ЛШ, но се сигурен клуб, имаат добри играчи иако сè се врти околу Скубе – рече Вујовиќ.

Група „А“, 2. коло

Денеска

18.45 часот Пик Сегед – ППД Загреб
18.45 часот Алборг – Монпеље
20.45 часот Вардар 1961 – Мешков Брест
20.45 часот Кил – Елверум

Табела: Алборг 2 бода, Кил 2, Пик Сегед 1, Монпеље 1, Вардар 1, Елверум 1, Мешков Брест 0, ППД Загреб 0.

Треба да знаете
Последни објави