Search

Британските пратеници во јуни повторно ќе гласаат за договорот за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј на почетокот на јуни повторно ќе се обиде да обезбеди поддршка од Парламентот за договорот за излез од Европската унија, соопшти нејзината канцеларија.

Парламентот до сега три пати го одби договорот за Брегзит кој го постигнаа Меј и ЕУ кон крајот на минатата година.

Како што најави канцеларијата на британската премиерка, Меј планира да побара од пратениците да гласаат за договорот во неделата која почнува на 3 јуни.

Треба да знаете
Последни објави