Search

Бразил ја победи и Русија, Србија триумфираше против Кореја

Ракометната репрезентација на Србија ја победи Јужна Кореја со 31:29 во натпреварот од 4 коло од групата А на Светското првенство во Германија и Данска.
Откако во претходните три кола освоија само бод против Русија, Србите тесно дојдоа до првата победа на првенството во второто полувреме.

Воркапиќ со седум голови ја предводеше Србија, додека Канг Џон-Гу беше најдобар на теренот со 12 гола. Србија во посленото коло мора да ја победи Германија ако сака да се пласира во следниот круг, но ќе мора да и се поклопат и резултатите од другит натпревари.

Во вториот натпревар во групата Бразил ја изненади Русија со 25:23. Бразилците ја запишаа втората победа на Мундијалот, по триуфот над Србија во минатото коло па во последниот натпревар против Кореја ќе бараат шанса за вториот круг.

Русија, пак, на овој начин се доведе во несреќна ситуација, бидејќи во последното коло игра со Франција.

Бразил во поголемиот дел од натпреварот имаше предност, а најдобар кај Јужноамериканците беше Борхес седум гола.

Треба да знаете
Последни објави