Search

Борисов се извини за „северномакедонци“

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на денешната прес конференција во Владата заедно со премиерот, Зоран Заев, им се извини на граѓаните на Македонија што ги нарекол северномакедонци. Според него, тоа било несакајќи, исправувајќи се со констатацијата, дека впрочем, требало да се каже – граѓани на Северна Македонија.
Прашан дали е можно Бугарија да го стави под прашање зачленувањето на Македонија во ЕУ, тој категорично ги отфрли сите вакви можности.

 

-Не би сакал да мислам дека е можно да се дојде до такво прашање, по сите напори што ги направивме, да дојде ситуација да кренам рака против Република Северна Македонија е недопустливо. Затоа нудам и на колегата Заев секојдневно да работат експертските комисии за да се унапредува тој процес. Зоран е свесен сум се борел со Германија и Франција да се помогне на Македонија, и да допуштиме да биде земјава блокирана, тоа не го дозволувам ни како помисла – рече Борисов на зедничката прес конференција.

Тој додаде дека додека комисиите ги решаваат прашањата за историските личности кои ги поврзуваат двете земји, политичарите треба да внимаваат на нивните изјави.

-Треба да внимаваме, не само да се поклонуваме пред хероизмот на овие луѓе. Професорот Ангел Димитров ми даде историска лекција. Додека доаѓавме на секое ритче над кое прелетавме ми посочи дека се погинати илјадници луѓе. Овие земји се напоени со крв, илјадници погинале за да бидеме сега заедно тука, за регионот да има перпскетива. Тука нема ритче кај што не загинал човек. Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете, граѓани на Република на Северна Македонија простете, но несакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некого да убијам. Ако ова вака продолжи ќе ни се смеат во Европа – рече Борисов.

Треба да знаете
Последни објави