Search

Бомбаш самоубиец се разнесе пред факултет во Кабул, загинаа 8 лица

Повеќе од осум лица загинаа, а повеќе од 30 беа повредени кога бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа во Кабул, соопшти денеска полицијата.

Во нападот што се случи во близина на влезната врата во универзитетскиот комплекс беа повредени 33 лица, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за здравство.

Засега не се знае идентитетот на повеќето жртви, но за време на експлозијата во зградата на факултетот влегле голем број студенти.

Талибанците ја негираа одговорноста за експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави