Search

Боки 13 преку Апелациониот суд бара укинување на притворот

Боки 13 преку Апелациониот суд бара укинување на притворот

Првоосомничениот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски, на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор пренесува Сител.
Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот.
Јовановски е веќе трет месец во притвор како првоосомничен за “Рекет”. Тој се уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителката Вилма Русковска. Побара првин да направи увид во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари, па потоа да ја даде својата одбрана.
Треба да знаете
Последни објави