Search

„Блумберг”: Русија плаќа висока цена за анексијата на Крим

Пет години по руската анексија на Крим, цената што Русија ја плаќа за тоа продолжува да расте, објави денеска „Блумберг”.

Анексијата на украинскиот полуостров од страна на Русија се уште не е признат од мнозинство од земјите во светот, а САД и ЕУ водат решителна кампања да ја казнат Москва со санкции, се наведува во анализата на „Блумберг”.

-Русија, необесхрабрена, продолжува да го интегрира Крим во својата економија и инвестира милијарди во нови електрани и изградба на огромен мост до полуостровот, наведува „Блумберг”.

Според изданието, најголем дел од загубите што Русија ги трпи се од санкциите на САД и ЕУ, што влијаат на населението во целина, кое веќе „пострада” од ниските цени на нафтата.

-Населението и земјата во целина страдаат и од намалените странски инвестиции и замрзнатите плати. Просечната плата во Русија е 30.000 рубљи (459 американски долари). Неодамнешна анкета посочи дека населението повеќе не се восхитува од анексијата на Крим, пишува „Блумберг”.

Во анализата се укажува дека со санкциите, западните земји „успеале” да го скратат растот на руската економија за шест отсто во текот на изминатите пет години, при што се додава дека платите на Русите стагнираат, странските инвестиции се намалуваат додека воведувањето нови санкции продолжува.

-Стана уште полошо со обвинувањата дека Русија се мешала во претседателските избори во САД во 2016 година и Вашингтон веќе подготвува уште еден закон кој ќе удри по земјата со нов бран на санкции, наведува „Блумберг”, посочувајќи дека во позадина на сето тоа, почнуваат да се намалуваат ефектите во руското општество од анексијата на Крим во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави