Skip to main content
Свет

Биткоинот ја надмина цената од 95.000 долари

21/11/2024  08:25

– Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95,000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95,004,50 долари пред да се тргува за 94,907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80,000 долари, а на 13 ноември надмина 90,000 долари.