Skip to main content
Економија

Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата

14/11/2024  17:46

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

“ Треба да видиме како ќе се справиме со тоа. Затоа и во фискалната стратегија ова го нема, а ви укажавме. Но, кога ќе ги прочитаме бројките, ако отидете во документот кој е направен од парламентарната буџетска канцеларија на страна 36, во стоки и услуги, стои дека за цели 15 посто во споредба со ребалансот, се зголемуваат материјали и ситен инвентар. Тоа се 757 милиони денари. Во договорни услуги, 4,9 милијарди се зголемуваат договорните услуги. Па, тоа е 80 и нешто милиони евра договорни услуги“, рече Битиќи.

Поради нервоза на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивното несоосветно оснесување со постојани дофрлања, седницата е прекината  и тече пауза.