Search

Битиќи: Потпишани се договори и анекси со 48 компании за нови инвестиции

Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување на конкурентска предност со што се овозможува напредок и развој за нивните вработени во ова време на непредливост, светска здравствена криза, стабилност на нивните работни места и отворање на нови.

На денешната прес-конференција, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши беа презентирани договорите за финансиски поддршка со компаниите кои аплицираа за мерки по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои во овој меѓу период беа потпишани меѓу двете страни.

Оваа година се потпишани нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување на конкурентска предност со што се овозможува напредок и развој за нивните вработени во ова време на непредливост, светска здравствена криза, стабилност на нивните работни места и отворање на нови.

– Ја поздравувам одлуката на овие 48 компании кои решија да имаат нови инвестиции со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, а уште поважно на светскиот пазар – реќе Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави