Search

Бесплатно пријавување, дружење и подароци на „Скопје на точак“

Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 60-тите години. Според некои податоци, секој втор граѓанин имал велосипед. Овој факт покажува дека велокултурата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортовите на Скопје, в недела, 3 ноември, со почеток во 11 часот, ќе се одржи велосипедскиот карван „Скопје на точак“.

Минатата година, на првото издание од овој настан, 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски карван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20 км/ч, предводен од полицијата и организаторот.

Патеката на движење е: старт – булевар Илинден кај фонтаната „Лотос“, правец на движење кон „Сити мол“. Се врти лево по улицата Љубљанска и се вози право по улицата Московска до студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кај домот се врти лево по улицата М. Т. Гологанов и се вози право до Католичката црква, се продолжува по М. Т. Гологанов, право по улицата Димитрие Чуповски, право по булеварот 11 Октомври до семафорите кај Црвениот крст, каде што се врти лево по булеварот Кочо Рацин и се вози право преку мостот по булеварот Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај „Мавровка“ се врти лево и се вози право по булеварот Гоце Делчев, преку мостот „Гоце Делчев“, се приклучува на булеварот Илинден и се завршува на стартот, кај фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк.

На лотаријата ќе се доделат неколку подароци, и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Настанот на „Фејсбук“ може да се најде на:
https://www.facebook.com/events/2188325714799268/.

Треба да знаете
Последни објави