Skip to main content
Балкан

Бериша од собраниската говорница: Моето враќање е победа над оние кои сакаа да ја елиминираат опозицијата

03/12/2024  12:17

Лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, денеска триумфално се врати во парламентот, откако на крајот на минатиот месец му беше укината мерката „куќен притвор“, изречена на 30 декември минатата година.

Пред да влезе во собраниската зграда, тој кусо изјави „Сали Бериша се врати, метаморфозата замина“.

Од собраниската говорница, пак, обвини дека „пред 11 месеци имало обид да ја погребаат демократијата“.

– Пред 11 месеци на 21 декември 2023 година, Рама мислеше дека си го исполнил сонот дека повеќе нема го види Сали Бериша во оваа сала, сонот за Албанија без опозиција, со одлука донесена за 5 минути со голема страст и хистерија.

Повеќето од вас тој ден се обидоа да ги погребаат демократијата и плурализмот во Албанија.

Вие гласавте за одземање на пратеничкиот имунитет на Сали Бериша, негирајќи го правото на збор, рече Бериша од собраниската говорница.

На пленарната седница, на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2025 година, и пратениците треба да усвојуваат член по член од него, Бериша предложи неколку амандмани, но истите не беа поддржани.

Нацрт-буџетот, по 48-часовна расправа начелно беше одобрен на 19 ноември со 75 гласа „за“, 40 гласа „против“, додека на гласањето не учествуваа 22 пратеници присутни во салата.

Буџетот е проектиран на  8,2 милијарди евра и историски највисок до сега.