Search

Белоруските опозиционери бараат целосно ослободување на сите политички затвореници

Белорускиот опозициски координативен совет бара целосно ослободување на сите политички затвореници, соопшти сојузот.

Тие додаваат дека одредувањето домашен притвор само ја збунува јавноста.

Во соопштението се истакнува дека домашниот притвор не е ослободување, туку само промена на условите на затворање.

„Тоа е неспретна имитација, илузија со цел да се збуни јавноста“, оцени Советот.

Во соопштението се наведува дека седум лица биле префрлени од затвор во домашен притвор, вклучително и членот на одборот на Советот, Лилија Власова, пренесува ТАСС.

На 10 октомври белорускиот претседател Александар Лукашенко се состана во затвор со затворените опозиционери, вклучувајќи го и поранешниот претседателски кандидат Виктор Бабарико.

Седуммина опозиционери по состанокот беа ослободени од затвор.

Нивните апсења се случија за време на демонстрациите низ Белорусија, кои започнаа по објавувањето на резултатите од претседателските избори на 9 август, на кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, а опозицијата тврдеше дека изборите биле наместени.

Треба да знаете
Последни објави