Search

Белгиски министер не сака да биде дел од миграцискиот пакт на ОН

Белгискиот министер за миграција, Тео Франкен, рече дека не сака да биде дел од пактот на Обединетите Нации за безбедна и уредна миграција.

Меѓународната спогодба ја доведе владата на Белгија на работ на колапс. Франкен во четвртокот изјави дека неговата десничарска партија партија Н-ВА не сака никаква врска со тоа”, објави Асошиетед Прес.

Министерот рече дека договорот е премногу промигрантски, додавајќи дека нема елементи што треба да ги успокојат европските граѓани.

Австрија, Бугарија, Унгарија, Израел, Полска, Швајцарија и Австралија се меѓу земјите кои ја повлекоа поддршката за договорот кој треба да биде формално одобрен во Маракеш, Мароко, на 10-11 декември.

Треба да знаете
Последни објави