Search

Без струја делови на Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец

Без струја делови на Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во општина Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул.Депа Кајова (општина Ѓ.Петров), дел од ул.Благоја Давков (од бр.10 до бр.16) (општина Центар).
Од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул.Њуделхиска, дел од ул.Дрезденска (општина Карпош), од 10:30 до 11:30 часот корисниците на дел од ул.Манчу Матак поточно околу бр.13 (општина Ѓ.Петров), од 8:30 до 15:30 часот објектите: наплатна рампа Петровец, Македонија Пат (Петровец), МВР Петровец, с.Чојлија (делот кон аеродромот), Јавно претпријатие за државни патишта (Петровец), (општина Петровец), додека од 9 до 10 часот корисниците на дел од ул.Нерешка (општина Карпош).

Треба да знаете
Последни објави