Search

Без нови случаи на коронавирус во Кина

Кина денеска не пријави ниту еден случај на коронавирус. Вчера беа забележани два случаи, пренесе Ројтерс.

Националната здравствена комисија соопшти дека се потврдени пет нови асимптоматски случаи за 28 мај, што е помалку од претходниот ден, кога се пријавени 23 случаи.

Педесетина светски лидери повикаа за поголема соработка во светот по пандемијата, на состанокот на ОН за финансирање развој, на кој не присуствуваа САД, Кина и Русија.

Треба да знаете
Последни објави