Search

Бајрактар и Шкријељ во Студеничани: Со социјалната реформа ги приближуваме социјалните услуги до граѓаните, се грижиме за сите подеднакво

Владата на Република Северна Македонија посветува посебно внимание на семејствата на кои им е потребна социјална поддршка. Во услови на пандемија, од исклучителна важност е успешното справување со последиците на коронакризата и заштита на граѓаните, посебно на најранливите меѓу нас, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, при посетата на новата Канцеларија за социјални работи во општина Студеничани заедно со дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ и градоначалникот Азем Садики.

 

„Во оваа наша општина има околу 1.200 корисници на социјални права. За сите нив, но и за оние кои поради КОВИД-19 ќе влезат во социјален ризик, значајно олеснување претставува тоа што не мора да патуваат до меѓуопштинскот центар за социјална работа во Скопје, туку се што им треба ќе може да побараат во оваа Канцеларија“, посочи Бајрактар.

 

Канцеларијата во Студеничани е една од педесетината вакви канцеларии што се отворени во државата како резултат на успешната соработка на централната и локалната власт.

 

Приближувањето на социјалните услуги и права до корисниците многу им значи на граѓаните во услови на вонредна состојба предизвикана од КОВИД-19, нагласи Шкријељ.

 

„Граѓаните можат да ги добијат неопходните информации и помош близу до местото на живеење, преку канцелариите за социјални работи поефикасно се координира поддршката за ранливите семејства и се адресираат сите социјални потреби на граѓаните.  Фокусот на Министерството за труд и социјална политика и на оваа Влада во време на целиот мандат се најранливите, а канцелариите за социјална работа како оваа во Студеничани се нашите пунктови за итен одговор. Се грижиме за сите подеднакво, на сите граѓани им обезбедуваме еднаков пристап до социјалните права и услуги “, укажа дополнителната заменик министерка Шкријељ.

 

Отворањето на општинските канцеларии за социјална работа е дел од имплементацијата на социјалната реформа со која целосно се менува системот за социјална заштита и се зголемува неговата ефикасност. Тие се финансирани со средства од заем на Светска банка а главна цел е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави