Search

Ахмети: Важно е да победи најдобриот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната лидерска средба порача дека ова бил најконструктивен состанок до сега и со останатите шефови на партиите се разговарало на најдобар можен начин, без загрозување на европскиот пат

-Сите политички партии се определија дека наша опција е ЕУ. И позиција и опозиција порачаа да не го загрозат нашиот европски пат. Разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Оценивме да почекаме да се ратификува протоколот за членство во НАТО. Важно е изборите да се демократски и да победи најдобриот. Значајно е да се почитува датумот за изборите и потоа да се види кога ќе биде можно да се спрове и попис, истакна Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави