Search

Армијата на САД изврши кибер напад врз Иран

Американската армија извршила кибер напад врз компјутерскитре системи на иранската војска откако американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го откажа конвенционалниот воен напад врз Иран поради соборување на американски дрон.

– Кибер нападите се извршени со дозвола од Трамп, изјавија двајца неименувани американски претставници.

Тие тврдат дека кибер нападите биле планирани повеќе недели откако се зголемија тензиите помеѓу САД и Иран.

Целта на кибер нападите било оневозможување на иранските компјутерски системи кои ги контролираат лансирните рампи на ракетите.

Американската армија го нападнала компјутерскиот систем на Иранската исламистичка револуционерна гарда, која претходно Трамп ја прогласи за странска терористичка организација.

Треба да знаете
Последни објави