Search

Апелација образложи зошто Јанева од Шутка се пресели во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје го објави решението за преселбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од истржниот затвор Шутка во домашен притвор. Судскиот совет кој решавал и ја прифатил нејзината жалба за мерката притвор во образложението напишал:
„Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.
Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација. На Јанева и е одземен пасошот и неможе да добие нова патна исправа.
„Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, “ се вели во решението.

Треба да знаете
Последни објави