Search

Анѓушев од Лондон: Нашата држава е светла точка во Западниот Балкан, интересот кај компаниите е огромен

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска учествуваа на Форумот за Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ којшто се одржува во Лондон во организација на Фајненшал Тајмс. Двајцата изјавија дека земјата се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и дека постои голем интерес од реномирани компании за инвестирање.

Анѓушев, посочи дека во рамките на еден месец, по Виенскиот економски форум и инвестицискиот форум во организација на ЕБОР во Брисел, инвестицискиот форум во Лондон во организација на Фајненшал Тајмс е трет значаен настан, на кој пред претставници на реномирани компании беа претставени економските политики на Владата на Република Северна Македонија, како и можностите за инвестирање во земјата.

-Слободно можеме да кажеме дека интересот кај компаниите е огромен, за тоа што се случува во Република Северна Македонија. Нашата држава е светла точка во Западниот Балкан и ја искористивме оваа можност дополнително да ги информираме компаниите за економските политики на Владата и да ги промовираме можностите за инвестирање во земјата. Фокусот на Владата е да привлекува реномирани странски инвеститори, во изминатите две години 20-ина компании започнаа со инвестициски проекти, имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции, раст на бруто домашниот производ, намалување на невработеноста, се се тоа позитивни економски параметри кои го мотивираат интересот на инвеститорите за нашата земја. Република Северна Македонија ја презентиравме како одлична дестинација за инвестиции, но и како локација во која се произведуваат квалитетни производи кои се извезуваат во Европа и светот, потенцира вицепремиерот Анѓушев.

 

Треба да знаете
Последни објави