Search

Анчелоти ќе ги пикне фудбалерите на Наполи во карантин

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи нема победено на осум меча во низа на сите натпреварувања. Последниот праз  на Наполи од Болоња (1:2) пред своите гледачи го налути тренерот Карло Анчелоти кој одлучи да ги пикне фудбалерите во карантин. Претходно претседателот Аурелио Де Лаурентис се обиди со оваа мерка да ги разбуди тимот, но неговата одлука беше бојкотирана од играчите, за што добија парични казни.

Фудбалерите на Наполи чиј член е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе бидат во карантин до натпреварот со Удинезе. Фудбалерите утре ќе тренираат и ќе си заминат дома, но по тренингот в среда ќе останат во тренинг центарот и таму ќе престојуваат се до мечот со Удинезе.

Треба да знаете
Последни објави