Search

Антикорупциска ќе испитува како се трошеле буџетски пари во државни институции

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва.

Во фокусот ќе биде Собранието, користењето на патни трошоци, ќе се испитуваат одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот…

По допрен глас од медиуми отворена е постапка и за вработување блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели.

Антикорупциската комисија ќе ги испитува и начините на кои  е извршен избор на канцелариските простории на поранешните претседатели на државата.

Треба да знаете
Последни објави