Search

Анегрет Крамп-Каренбауер избрана за наследничка на Ангела Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја избра Анегрет Крамп-Каренбауер за наследничка на Ангела Меркел на чело на најголемата германска партија. Локалните медиуми наведуваат дека умерената политичарка која е блиска до канцеларката има големи шанси да ја наследи Меркел и на чело на Владата.

За Крамп-Каренбауер гласаа 517 од 1001 делегат на ЦДУ. Таа е позната под акронимот АКК, а зад себе во вториот круг го остави фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерк, кој доби 482 гласа.

Меркел беше на чело на партијата 18 години.

„Анегрет Крамп-Каренбауер е континуитет. Таа наликува на Меркел по начинот на кој зборува, со концентрирање на суштината и секако со фактот дека е жена. Кој сака нов стил во ЦДУ, за него Крамп-Каренбауер не е вистинскиот избор“, објави неделникот „Шпигл“.

Претседателката на ЦДУ не е само лидер на најголемата партија – таа мора да стане и канцеларка. Изборите ќе се одржат во 2021 година. Меркел најави дека сака да остане канцеларка до крајот на мандатот, но не е исклучено да направи место за АКК и пред тоа.

Треба да знаете
Последни објави