Search

Андреску и Кербер во финалето на Индијан Велс

Учесничка со „вајлд карта”, Бјанка Андреску (Канада) постигна тешка победа против шестата носителка, Елина Свитолина (Украина) со 6:3, 2:6, 6:4 и се пласира во финалето на силниот турнир во Индијан Велс (САД) со награден фонд од 8,36 милиони долари.

Осумнаесет годишната Андреску во спор за титулата ќе игра со број 8 во шемата Анжелик Кербер (Германија), која триумфираше со 6:4, 6:2 над Белинда Бенчиќ (Швајцарија).

Тинејџерката ја започна сезоната на 152-та позиција во рангирањето на ВТА, но откако стигна до финалето, веќе ќе си обезбеди место во топ 40 по турнирот во Калифорнија.

Треба да знаете
Последни објави