Search

Анализа за брегзит: Британија ќе биде посиромашна по излезот од ЕУ

Велика Британија ќе биде економски посиромашна по излезот од Европската унија, отколку ако остане во Унијата, без разлика каков трговски договор ќе склучи со ЕУ, се наведува во анализа на британската влада.

Според денешните објавени проценки, 15 години по излегувањето од ЕУ, британското БДП ќе биде за 0,6 отсто помал отколку ако остане во ЕУ, под услов да не се влијае на трговијата.

Ако излезе од ЕУ без договор и ако има значајни препреки во трговијата, британското БДП ќе биде 9,3 проценти помал, пренесе АП.

Во извештајот се анализирани повеќе опции, од зилегување без договор, до останување на единствениот пазар на ЕУ за стоки и услуги.

Анализата е објавена во момент кога премеирката Тереза Меј се обидува да ги убеди пратениците во парламентот да го поддржат договорот кој владата го постигна со ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави