Search

АМСМ: Благодарност до граѓаните кои беа трпеливи за користењето на новиот автопат

Oд вчера, 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци, потсетува Автомотосојузот на Македонија.

Оттука апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

„Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница“, велат од АМСМ.

Инаку од АМСМ во редовниот извештај за состојбата на патиштата информираат дека во моментов интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави