Search

Американскиот Врховен суд одлучи дека половина од територијата на Оклахома им припаѓа на Индијанците

Врховниот суд на САД донесе пресуда дека половина од територијата на Оклахома им припаѓа на Индијанците.

Пет од деветте судии вчера гласаа за тоа источниот дел на државата, вклучувајќи го и нејзиниот втор најголем град Талса, да биде признаен како дел од резерватот.

Целиот судски процес започна од Џимси МекГирт, кој во 1997 годиниа беше осуден за силување девојка, пишува Би-би-си.

Судската одлука во случајот МекГирт против Оклахома се смета за еден од подалекусежните случаи за Индијанците во последните децении.

Пресудата значи дека некои членови на племето кои се прогласени за виновни во државните судови за дела извршени во областа утврдена со оваа одлука, сега можат да ги оспорат своите претходни пресуди.

Племенските членови кои живеат во тие граници може да бидат ослободени од државни даноци, а само сојузните обвинители ќе имаат право да ги гонат Индијците обвинети за кривични дела во тој дел на Оклахома.

Треба да знаете
Последни објави