Search

Американската влада е делумно блокирана, Трамп свика состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика републиканците и демократите на состанок на кој најверојатно сака да стави крај на делумната парализа на американската влада, до која дојде поради спорното прашање за изградба на ѕид со Мексико, пренесуваат американските медиуми.

Како што се наведува, лидерите на двата дома на американскиот Конгрес, се повикани на состанок во Белата куќа, но не се знае дали демократите ќе учествуваат на состанокот.

Демократските противници на американскиот претседател сакаат одржување на гласање за буџетските закони штом ќе ја преземат утре контролата над Претставничкиот дом, откако добија мнозинство во тој дом на изборите во ноември минатата година.

Сепак, како што оценуваат американските медиуми, буџетските закони се несигурни бидејќи во нив нема финансирање на изградба на ѕид со Мексико, од кој Трамп не се откажува.

Трамп има право на вето во Конгресот, а пред два дена повтори дека сака ѕид за кој бара пет милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави