Search

Ако го откачи Атлетико, Симеоне ќе добие ангажман од Арсенал

Раководството на Атлетико Мадрид не е задоволно од почетокот на сезоната во фудбалскиот шампионатот на Шпанија и размислува да му врачи отказ на тренерот Диего Симеоне. Атлетико е шести на табелата во шпанската Примера.

– Ситуацијата може да ја искористи Арсенал, кој претходно го отпушти Унаи Емери, пренесува Мирор.

Тренерската должност во лондонскиот клуб времено ја извршува Фреди Љунгберг.

Арсенал го зазема 10. место  во нглиската Премиер лигата.Заостанува 10 бода од позициите кои носат настап во новата сезона во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави