Search

Администрацијата на Општина Аеродром се ослободи од е-отпадот

Администрацијата на Општина Аеродром денеска се ослободи од старите и дотраени електронски апарати. Имено, здружението „Нула отпад“ денеска од просториите на Општина Аеродром подигна 21 компјутер, 29 монитори, 3 лаптопи, 2 печатачи, 30 тастатури и 6 мауси.

Со ова, Општината се вклучи во низата акции што веќе неколку години ги организира „Нула отпад“ на ниво на целата територија, при што граѓаните имаат можност бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад. Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ гради систем на висока општествена одговорност и придонесува за поздрава и почиста околина. Ваквите акции имаат цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за справувањето со опасниот отпад што ќе придонесе да се зачувува животната средина.

Треба да знаете
Последни објави