Search

Адвокатите на војвотката од Сасекс бараат пресуда без судење во спорот со британски весник

Правната битка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, против весникот „Мејл он сандеј“ продолжува, а најновата вест денес е дека Меган и нејзиниот адвокатски тим се надеваат дека ќе спречат случајот да дојде до суд.

Според британските медиуми, тимот на Меган во вторникот побарал од судијата Џастис Варби да донесе одлука за правно постапување во случајот за приватност и авторски права без потреба да се продолжи со целосно судење.

Поради ограничувањата за коронавирусот, адвокатскиот тим на Меган во моментов се наоѓа на виртуелно-рочиште или судско сослушување преку видео што започна во вторникот наутро и се очекува да заврши до четврток.

Адвокатите на Меган поднесоа барање за скратена пресуда со образложение дека весникот нема изгледи да ја брани својата одлука да објави писмо што војвотката му го напишала на својот татко, Томас Маркл, веднаш по нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави