Search

Авторот на текстот за видеото со Боки 13: Имам нови шокантни документи

Весникот Ла Верита денеска ја објави видеоснимката на која се гледа како осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милески земаат торби со пари од бизнисменот Орце Камчев.

Автор на текстот е Ларис Гаисер, кој најави нови репортажи и документи за, како што вели, корупцијата во македонскиот судски систем под палка на политичарите. Тој е автор и на текстот кој се однесува на случајот со тенедерот за М-Нав за кој имаше обвинувања дека e вмешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, што исто така беше објавен во овој весник.

„Со текот на годините, Европската унија поддржи промена на власта со цел Заев да дојде на власт и да се редуцираат Македонците и да се лимитра суверенитетот на Македонија, а потоа со изговор на владеењето на правото одреден е Специјален јавен обвинител (Катица Јанева) со една задача – да се елиминираат политичките противници на сегашната влада дури и со спроведување на систем на изнудување под директна контрола на политичкиот систем. Во следните неколку денови ќе објавиме шокантни документи за кои искрено се надевам ќе и помогнат на Македонија да го најде својот пат кон демократијата“, напиша Гаисел на фејсбук.

Набргу потоа, тој во друг фејсбук пост напиша:„мафијашки систем функционери под закрила на врвните поличарите“

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави