Search

Автомобил излетал од пат, повредени шест тинејџери

Шест тинејџери биле повредени кога со автомобилот во кој се возеле излетале од патот кај селото Лисец кон Попова Шапка. Тетовската полиција информира дека сообраќајката се случила ноќеска, еден час по полноќ.

-Автомобил „бмв“ со тетовски регистарски таблици, управуван од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетал од коловозот во близина Лисец. Повредени се возачот и петмината сопатници во возилото на возраст од 16,18, 19 и 20 години. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата извршила увид на местото на сообраќајката.

Треба да знаете
Последни објави