Search

Автобусите во Бутел седум дена ќе возат по друга траса поради асфалтирање

Од денеска, поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената.

ЈСП образложи дека возилата од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам“, потоа десно по улица „Кемал Сејфула“, а оттаму секој по својата утврдена траса.

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае 7 дена.

Треба да знаете
Последни објави