Search

Австралија од утре воведува нови, ригорозни мерки против коронавирусот

Во Австралија од утре се затвораат сите барови, клубови, кина, казина, спортски и верски објекти, а донесени се и други поостри мерки за да се намали можноста од ширење на вирусот, соопшти премиерот Скот Морисон.

На рестораните и кафулињата им се ограничува дејноста на сервис за носење, а училиштата остануваат отворени.

Морисон кажа дека мерките се носат бидејќи луѓето не ги почитуваа барањата за социјално дистанцирање.

Ограничувањата ќе бидат во сила шест месеци, кажа Морисон, но додаде дека временската рамка може да се разгледа доколку здравствената ситуација во земјата се промени, пренесуваат британските медиуми.

Премиерот претходно денеска соопшти за владиниот план вреден 38,5 милијарди долари за помош на малите фирми и примателите на социјална помош.

Во Австралија има потврдено повеќе од 1.000 случаи на коронавирус, а досега седум лица починаа.

Треба да знаете
Последни објави