Skip to main content
Хроника

Ќерка ја тепала сопствената мајка во Гази Баба

04/11/2024  17:37

МВР информира дека 67-годишна жена од Скопје вчера пријавила дека во нејзиниот дом во Гази Баба, била нападната со тврд предмет од нејзината ќерка, која притоа и искршила дел од покуќнината.

„На 03.11.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје, 67-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С., која употребила и тврд предмет и оштетила дел од покуќнината“ – велат од полицијата.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.