Skip to main content
Македонија

ЈСП предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“

18/10/2024  12:20

ЈСП „Скопје“ предупредува за лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“.

Ова, како што информираат, е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.

Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.