Skip to main content
Спорт

„Хет-трик“ на Меси за 11 минути: Њу Ингланд го налути Аргентинецот

20/10/2024  10:58

Лионел Меси продолжува да покажува одлични игри на теренот. По „хет-трикот“ со две асистенции во победата на Аргентина во мундијалските квалификации, славниот Лео трипати ја погоди мрежата во дресот на Интер Мајами.

Њу Ингланд Револушн само го налути Меси по водството од 2:0 во последното коло од првиот дел од шампионатот. Од 40. минутата започна танцот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, му помогнаа Луис Суарез (40, 43) и Кремаски (58) да направи пресврт, а од 78. до 89. минута реализираше „хет-трик“ за триумф од 6:2.

Во МЛС лигата оствари дабл-дабл учинок од 20 гола и 10 асистенции на 19 натпревари, како и рекорден број на поени (74) во историјата на натпреварувањето. Интер е најдобриот клуб по учинок во првиот дел од сезоната (34 кола) и во осминафиналето на Источната конференција го чека подобриот од дуелот помеѓу Монтреал и Атланта.

Лос Анџелес ФК како најуспешен тим на Западот го чека подобриот од дуелот со Ванкувер. Портланд, додека другите двојки од осминафиналето на МЛС се: Орландо – Шарлот, Синсинати – Њујорк Сити, Колумбус Кру – Њујорк Ред Булс (Исток), Сиетл – Хјустон, Солт Лејк – Минесота и Лос Анџелес Галакси – Колорадо (Запад) .