Skip to main content
Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе одбележи 30-годишен јубилеј

10/12/2024  08:28

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска на свеченост на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј, симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права –  10 Декември.  

Хелсиншкиот комитет информира дека во изминатите три децении  ја следи и работи на унапредувањето  на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош на сите маргинализирани и ранливи категории граѓани, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите права и слободи.

-Комитетот поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и да имаат можност да ги заштитат во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на владеењето на правото, човековите права и демократијата, соопшти Комитетот.  

На одбележувањето на јубилејот воведни обраќања ќе имаат извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, претходните претседатели на Комитетот –  Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, уставниот судија Осман Кадриу и актуелната претседателка, Неда Здравева.